• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор

10 октомври 2025

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски за  кои ние како ВМРО-ДПМНЕ многу говоревме, бидејќи имавме големи сомнежи, излегоа дека се вистинити, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Фирмата Марковски која во период од 2 години, заработила преку државата околу 200 милиони евра, сега е осомничена дека тендерите кои ги добивала биле местени. 

Финансиската полиција го уапси сопственикот Борче Марковски, затоа што се товари дека го има оштетено Буџетот на државата за 100 милиони денари. 

Тендери за кои предупредувавме дека се местени за омилената компанија на СДС да си ќари уште некој денар плус, излегоа вистинити.

А денес сме повторно сведоци како СДС излегува во пресрет и преку нивното купено и уценето судство, на сопственикот на компанијата Марковски, да му се досуди куќен притвор. 

100 милиони денари е еднакво на куќен притвор. Тоа е нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДС.

Наместо  да ги казнува криминалците, судството им дава кураж на криминалците да продолжат со криминалот и да не одговараат. 

Реформи се повеќе од потребни во судството. Потребни е и правда и одговорност.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан