• среда, 20 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Според прогнозите на ММФ земјава ќе има најнизок економски раст споредено зо земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Според прогнозите на ММФ земјава ќе има најнизок економски раст споредено зо земјите од регионот

Скопје, 14 април 2023 

Според најновите прогнози на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) објавени на почетокот на април, Македонија ќе има најнизок економски раст од 1,4% во 2023 година споредено со сите земји од регионот. Косово се очекува да оствари повеќе од двојно повисок раст (3,5%) како и Црна Гора (3,2%), Албанија да има раст од 2,3%, БиХ од 2%, исто колку и Србија. На дното на очекувањата на монетарците е македонската економија, што ја сврстува во групата на економии кои директно се погодени од војната во Украина. Руската и белоруската економија се оценува дека ќе пораснат за 0,7% во 2023 година, Унгарија се очекува да има раст од 0,5%, Полска од 0,3%, додека Украина ќе има пад на БДП од 3%.

Неуспешните економски политики на оваа Влада ја сместија македонската економија во воена состојба. Неуспешна борба со високата инфлација ги закотви прогнозите за домашната инфлација во 2023 година на високо ниво од 9,2%, повисоко од очекувата инфлација Албанија и Косово (5% и 5,5%), БиХ од 6%, Русија и Белорусија (7% и 7,5%).

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан