• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Со службена картичка до бизонско филе, телешко карпачо и школки, Бисера Антоанета живеела раскошно на државен трошок

ВМРО-ДПМНЕ: Со службена картичка до бизонско филе, телешко карпачо и школки, Бисера Антоанета живеела раскошно на државен трошок

Скопје, 31 август 2024 

Со службена картичка до бизонско филе, телешко карпачо и школки, Бисера Антоанета живеела раскошно на државен трошок.

Антоанета платила 400 евра за вечера во Виена со народни пари, додека во Македонија илјадници семејства цел месец поминуваат со тие средства.

За само една вечера Бисера Антоанета потрошила повеќе од една минимална плата.

Бисера Антоанета живеела во раскош и луксуз на државен трошок.

И не е само вечерата од 400 евра, Антоанета за време на истиот престој во Виена трошела по 200 евра за ручек.

Наместо да се однесува одговорно со државните пари, Бисера Антоанета трошела без пардон.

Бисера Антоанета е една од причините за ограбената држава. Денеска продолжуваме со нови сознанија од серијалот Бисера Антоанета.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан