ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 24 декември 2024
Почитувани,
СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува.
СДС со години знаеја за криминалот на Груби, во прва линија го дозволија, а потоа и му се приклучија.
До последен ден од власта nа СДС и ДУИ, тиe беа соизвршители.
СДС одеше на избори со надеж да направат влада и да продолжат да прават криминал со Груби.
Во СДС ништо не е сменето, тоа се истите луѓе кои молчеа додека Груби крадеше.
И сега наместо СДС да се извинат за криминалот кој го приредија, тие измислуваат секој ден нови приказни.
Да не беше ВМРО-ДПМНЕ и одлучната акција против политичките криминалци во СДС и ДУИ, тие уште здружно ќе ја крадеа државата. Народот тоа го знае и го валоризира, а СДС и ДУИ со секој поминат ден стануваат се помаргинализирани.
Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ