ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ признава дека за седум години власт државата ја остави без соодветна опрема за справување со пожарите
- Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата. Како со душа да чекаат на државата на и се случи немил настан, за СДС да се јави и од тоа да прави теми за прес-конференции и за себе промоција, се вли во соопштениото од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 26 јули 2025
Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата. Како со душа да чекаат на државата на и се случи немил настан, за СДС да се јави и од тоа да прави теми за прес-конференции и за себе промоција, се вли во соопштениото од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Воедно, пожарите, на овие екстремно високи температури, не се проблем само во Македонија, туку целиот регион и држави членки на Европската Унија се соочуваат со огнени стихии.
Дополнително, освен тропските температура, во државата сериозен проблем претставува намерно подметнувањето пожари.
Но, и покрај се, борбата со пламените јазици продолжува со сите материјални и човечки ресурси, службите и пожарникарите се постојано на терен и даваат натчовечки напор за да спасат што е можно поголеми површини.
Друго, кога СДС вика дека државата нема соодветна опрема за справување со пожарите, тоа е всушност нивно признавање дека за седум години власт оставија пустош зад себе и не вложиле во нова опрема, како ни противпожарните единици, така ни во други витални институции.
Тоа што СДС уништи и остави пустош по институциите, не може да се среди за една година.
Потсетуваме на уште нешто, во период на владеење на СДС, додека пожари беснееја низ државата, Зоран Заев и Венко Филипче без никакво чувство на грижа и одговорност, се сончаа по грчките плажи.
Затоа, СДС нека каже каков е тој нивен патриотизам кој ликува на кога немили настани, како пожарите, им е случуваат а и кога тие беа на власт, наместо да се борат да ги изгаснат, се ладеа во морските води на Егејот.
Сега, за разлика од тогаш, сите служби се на терен, се даваат натчовечки напори, се користат сите ресурси и сите пожари, од кои добар дел подметнати, се ставаат под контрола и навремено се гасат.
СДС е партија која се радува на пожарите. Тие се водат од девизата колку полошо за државата и народот толку подобро за СДС.
Ако СДС се грижеше за државата немаше да остави ниту еден функционален канадер, ниту едно летало против пожари, ниту едно возило за гасење на пожари.
Дополнително нивните структури и тие на ДУИ седат зад неколку пожари за кои има сомневања дека се потпалувани од луѓе блиски до овие партии.
СДС правеше политика од Кочани, а сега прави политика и од пожарите.
Нивната политика се состои од ништење на Македонија во секој поглед.
Граѓаните добро гледаат и знаат дека СДС не е никаква алтернатива. Треба да се срамат од ова нивно однесување.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ