ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лажеше дека постои договор за мигранти, британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше, граѓаните веќе не паѓаат на нивните лаги
- СДС лажеше дека постои договор за мигранти, британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше, граѓаните веќе не паѓаат на нивните лаги, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
7 март 2026
СДС лажеше дека постои договор за мигранти, британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше, граѓаните веќе не паѓаат на нивните лаги, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Лажеа дека постои договор за мигранти, го сменија името на брутален начин, потпишаа договор со Бугарија кој е капитулантски и предавнички, лажеа дека буџетот е празен, лажеа дека фејсбук и гугл ќе отворат центри во Македонија, дека ќе има формула 1 во Македонија, лажеа за македонската жица, за модуларната, за Ласкарци и Дурмо турс, за тендери, лажеа дека ќе донесат правда затоа што ќе нема мир додека не донесат правда, ставаа бројчаници и потоа не ги ни вклучија, лажеа куп работи, се здробија од лажење, тоа се тие истите луѓе и тоа е нивниот карактер и начин на функционирање.
Мислат дека народот има кусо помнење.
Но Македонија не им заборава и нашиот народ не паѓа повеќе на нивните лаги и измами.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ