• петок, 23 август 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Преку инсталации во судството, обвинителството и безбедносните служби, СДСМ и ДУИ ја држат државата во заложништво

ВМРО-ДПМНЕ: Преку инсталации во судството, обвинителството и безбедносните служби, СДСМ и ДУИ ја држат државата во заложништво

Скопје, 23 август 2024 

Се повеќе луѓе ги препознаваат плитките обиди на СДС да манипулираат, тие се заложници на ДУИ и уцените на Ахмети

Во текот на последните денови, сведоци сме на постепеното враќање на функционерите на СДСМ од одморите кои ги поминуваат на различни дестинации низ светот. Очигледно, ваквите одмори се заслужени за нив, по седумгодишното пустошење и уништување на институциите. Но, се повеќе луѓе ги препознаваат плитките обиди на СДСМ да критикуваат и манипулираат, без притоа сами да ги разбираат поентите што ги презентираат.

Доколку СДСМ мисли дека ќе може да продолжи по истиот пат како досега, со тоа што ќе бидат поддршка и извршители на ДУИ, во сценарија каде што ДУИ преку своите луѓе во институциите спроведува незаконски активности и бегања, а потоа СДСМ како папагали ја префрла вината на други, тогаш длабоко се излажале.

Народот е целосно свесен за ваквите манипулации.

Токму поради овој пристап, СДСМ доби катастрофални 180.000 гласови на изборите и е на добар пат да падне на само 100.000 гласа. Оваа бројка е симболична и покажува дека СДСМ ќе може да функционира само како мала, маргинализирана партија. Со темпото со кое се движат, дури и овие преостанати 100.000 поддржувачи, од кои дел веќе се префрлија кај нас или на друго место, нема да останат со нив уште долго.

Заложништвото на СДСМ од страна на ДУИ, како и уцените кои Ахмети ги држи во фиоките за челниците на СДСМ, вклучувајќи го и нивниот ментор Зоран Заев, се директна причина зошто СДСМ никогаш нема да биде алтернатива на власта.

Ова не е само проблем на СДСМ и на нивното мазохистичко раководство кое ужива во наредбите на ДУИ, туку е и проблем за целата Македонија.

Жално е што СДСМ, кој во минатото има произведено квалитетни кадри, денес се сведе на оваа група луѓе кои, покрај тоа што самите се во заложништво, сакаат Македонија да продолжи да биде во нивните раце.

Преку своите инсталации во судството, обвинителството и безбедносните служби, СДСМ и ДУИ ја држат државата во заложништво, нанесувајќи штета на чесните судии, обвинители, бранители на јавниот ред и мир и на чесните граѓани на Македонија.

Им порачуваме на сите: Македонија ќе успее! Македонија ќе победи!

И нема компромис со тоа!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на прес-конференцијата на СДСМ 

 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан