ВМРО-ДПМНЕ: Потпишани 828 договори за проекти со вкупна вредност од 225 милиони евра преку капитални инвестиции
- СООПШТЕНИЕ - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доследно работи на реализација на дадените ветувања кон граѓаните.
Скопје, 18 јули 2025
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доследно работи на реализација на дадените ветувања кон граѓаните.
Се потпишаа договори за 828 проекти, со вкупна вредност од 225 милиони евра преку вториот повик од инструментот за капитални инвестиции. Во првиот повик беа финансирани 288 проекти.
Ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините. За разлика од минатото, сега нема фаворизирање на ниту една општина, ќе се инвестира насекаде низ Македонија.
Најголем дел од проектите, 589 се во областа на транспортот, каде ќе се вложат над 8 милијарди и 105 милиони денари, или 132 милиони евра. Ќе се инвестира во нови патишта, улици, мостови.
143 проекти се од областа на животната средина каде ќе се инвестираат над 2,4 милијарди денари преку проекти за почиста вода, канализациски мрежи, управување со отпад, нови паркови.
Во образованието 48 проекти, се вложуваат 1,6 милијарди денари за нови училишта, обновени училници, градинки. Како и во проекти од областа на културата, социјалната политика, спортот.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во сите општини и региони низ Македонија обезбедувајќи основа за одржлив развој и просперитетна иднина за сите граѓани.
Ги градиме темелите на промените.
Доаѓа времето на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки