• вторник, 05 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Костадиновска да си даде оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Костадиновска да си даде оставка
Скопје, 8 август 2022 Почитувани, Во духот на протоколите кои власта на Ковачевски ги потпиша со Бугарија, скафандер министерката сака да наметне орвеловски свет во македонската култура. Се обидува да наметне брутална цензура врз македонското бесценето творештво и култура. Срамота! Таа без срам им порачува на македонските автори да не користат историски наратив во нивните дела, затоа што токму со протоколите кои ги имаат потпишано, Бугарија има право да посочува на некаков говор на омраза, кој само таа може да го види каде што постои, односно не постои. Врз основа на таквите видувања на Бугарија, македонската влада нема да смее да финансира ниту филмови, ниту романи, ниту пак песни. Ете затоа, скафандер министерката дава изјави во кои што јавно и јасно кажува дека се срами од македонската историја, од македонското творештво, кое според неа не враќало во некои мрачни времиња. Оваа скандалозна и цензурирачка изјава на министерката, јавноста не и ја заборава и затоа гласно бара оставка од неа. Најубавите дела во македонското културно творештво се на темата историја. Сите ги имаат прочитано, сите ги знаат, очигледно само министерката не ги прочитала. Нивото на познавање на политиката во културата на министерката, очигледно и очекувано е за недоволен еден. Впрочем, наместо унапредување на областа која што ја раководи, заштита на македонските интереси преку културата, од министерката гледаме и слушаме јавно погазување, негирање и цензурирање. Затоа, оставка е ќе биде светло на крајот од тунелот за македонската култура во оваа траги-комедија во која не внесе СДСМ. Костадиновска единствено што е позната по скафандер како скафандер министерка сега веќе е позната како скандал министерка. Најважно во моментот е да престане да ја срами областа која што ја раководи и да се повлече и да си даде оставка. Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан