• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот гладува, функционерите на власта кешираат баснословни суми пари

ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот гладува, функционерите на власта кешираат баснословни суми пари
Скопје, 12 ноември 2022  Додека народот гладува, функционерите на власта кешираат баснословни суми пари, во понеделник нова афера „Паразити". Народот едвај врзува крај со крај. Поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка. Две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, а функционерите на власта секој месец книжат шест цифрени приходи. Кој се богати додека народот страда? Кои се “паразитите" на општеството? Додека платите на народот ги јаде инфлација, нивните примања се преголеми за воопшто да го почувствуваат ударот. Следете нè во понеделник на пресконференција ќе објавиме нова афера насловена „Паразити" која ќе даде одговор зошто народот страда. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан