• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Денес неспособноста на Филипче државата ја чини 26 мртви

ВМРО-ДПМНЕ: Денес неспособноста на Филипче државата ја чини 26 мртви
Скопје, 9 ноември 2020 Бројките денес се поразителни, поради неспособноста на Венко Филипче денес имаме повеќе починати од оздравени граѓани. Гробарот Филипче денес закопа уште 26 невини граѓани. Кога Македонија се соочува вртоглави бројки на новозаразени и починати од КОВИД-19, Заев и Филипче планираат избори во Штип и Пласница. Заев и Филипче свесно граѓаните ги туркаат бездна за да добијат уште една функција. Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе. А како би направил нешто за граѓаните, кога е зафатен со правење пародични видеа, кои само нему му се смешни?! Свесното втурнување во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува. Зоран Заев и Венко Филипче единствено докажаа дека нивната фотелја е и над здравјето на граѓаните. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан