• четврток, 19 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Денес истекува законскиот рок за исплата на платата на сите вработени во јавното здравство

ВМРО-ДПМНЕ: Денес истекува законскиот рок за исплата на платата на сите вработени во јавното здравство
15 февруари 2023 
 
Денес истекува законски предвидениот рок за исплата на платата на здравствените работници и сите вработени во јавното здравство
 
Веќе втора недела никаде во јавност не се појавија директорите на ФЗОМ да информираат што точно се случува и зошто не се преземени мерки за да биде спречено ова незаконско постапување на Фондот со кое здравствените работници останаа без финанскиски надомест иако тие беа хероите за време на пандемијата
 
Вака ли државата се грижи за своите осигуреници кои редовно со години наназад плаќаат придонеси за здравствено осигурување за сега да не можат да добијат надоместоци за породилно трудниците и сите ранливи категории кои користат боледување
 
Вака ли државата се грижи за своите херои
 
Дали воопшто ФЗОМ ги исцрпи сите законски механизми за да не дојде до оваа ситуација каде има незаконско дејствие- неиспла на плата или повторно администрацијата нема ниту знаење ниту волја да решава проблеми, а последицата е денешнава слика која ја гледаме сите
 
Зошто директорите не излезат јавно пред здравствените работници и целокупната јавност, туку се кријат позади наводни усни гаранции кои немаат никаква поврзаност со било каков законски основ
 
Додека директорот Фатон Ахмети е надвор од државата ФЗОМ крахира, а здравствените работници надвор од законската легислатива не се исплатени за својот деноноќен труд.
 
Што се случува со податоците на пациентите и здравствените работници, соработници и сите осигуреници или и за заштитеноста на овие лични податоци исто така има само усни гаранции и што е преземено за да спречи овој крах на ФЗОМ, има ли потврда од Агенцијата за заштита на лични податоци дека навистина податоците од здравствен и личен карактер се заштитени односно не е направена нивна злоупотреба или преземање
 
До каде се преговорите со Синдикатите и зошто иако беше најавено медицинскиот персонал од целата држава и јавноста останаа покуси за одговори зошто не го добија ветеното покачување од ноември минатата година
 
Доколку имаа знаење, беа кадарни и професионални и ако сакаа да решаваат проблеми, можеше да се реши и овој проблем што ни се случува денес, но незаинтересираноста и неспособноста е повторно причина за нерешавање проблеми
 
Со заминување на оваа неспособна власт, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе постави систем со кој ќе се гарантира дека здравствените работници навремено и во законски предвидениот рок ќе ги добиваат своите плати, а осигурениците навремено ќе ги добиваат надоместоците.
Посебен механизам за заштита и контрола на податоци веднаш ќе биде воспоставен со цел нивна заштита.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 
 
 

Остани поврзан