• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Два дена по ред има над 500 нови активни случаи на коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ: Два дена по ред има над 500 нови активни случаи на коронавирус
Скопје, 12 август 2021

Здравствениот пустош наречен Заев и Филипче со своите мерки погребаа над 5.500 граѓани, а сега посегнаа и по дискриминација на граѓаните.

„Успешните“ мерки на Заев и Филипче донесоа за седум дена 2.180 нови случаи на КОВИД-19.

Два дена по ред Македонија има над 500 нови активни случаи на корона вирус. А, со мерките на Заев и Филипче во последните два дена Македонија пак има 12 смртни случаи.

Заев и Филипче во ек на четврти бран на КОВИД-19 наместо да ги поттикнат граѓаните да се вакцинираат, тие воведуваат дискриминаторски и фашизоидни мерки.

И наместо да ги засукаат ракавите за да не им се повтори црно сценарио, Заев и Филипче своите дискриминаторски и лоши мерки ги промовираат преку партиски соопштенија.

Спас од овој здравствен пустош наречен Заев и Филипче е да си заминат од власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан