• сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Груби за многу брзо време јавно ќе се кае за неговите инсинуации

ВМРО-ДПМНЕ: Груби за многу брзо време јавно ќе се кае за неговите инсинуации
Скопје, 3 септември 2021 Ја разбираме паниката, но и стравот на СДСМ и ДУИ од окрупнувањето на опозицијата затоа што и СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени на овие избори. Но, кога господинот Груби зборува за некои минати времиња, вредно е да го спомнеме следното: Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување . Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Најдобар портпарол во моментов на СДСМ е Артан Груби. Господинот Груби е познат по неговите чести трансформации при што веруваме дека за многу брзо време јавно ќе се кае за овие негови инсинуации. Криминалната коалиција СДСМ - ДУИ ќе доживее тежок дебакл. Центар за комуникации со јавноста ВМРО-ДПМНЕ, __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан