ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот на новинарската екипа на ТВ 24
- Скопје, 14 ноември 2022

Скопје, 14 ноември 2022
ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко кој спротивно на сите процедури е последниот во низата белосветски криминалци на кој под крајно сомнителни околности власта на СДС му даде македонски пасош.
Ова е последица на нездравиот амбиент, поделбите и омразата кој подолго време се креира од власта.
Со анонимноста и тајноста на целиот случај, власта создава контраверза и замешателство во креирањето на истиот.
Ваквиот меѓународен скандал покажува дека власта која се удира во гради за ЕУ и САД, зад грб работи против нивните интереси кога тоа е врзано за пари и интереси.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се расветли целиот овој случај обвиен со контраверзи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.