ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС и ДУИ се тргуваше за правда, сега правда за Кочани ќе има
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 13 јуни 2025
Откако СДС виде дека правда за Кочани ќе има и наспроти модуларната во Тетово каде виновен беше кабелот, и Дурмо турс каде виновен испадна шоферот, овде вина се бара за преку 60 лица од сите партии и етнички заедници, и е единствен и редок пример во оваа земја за непристрасност и одговорност во истрага. Сега СДС се појавија со прес-конференција се со цел да се зборува за Тошковски, а не за фактот што го носат компарациите од времето на СДС и ДУИ кога со правдата се лицитираше тргуваше заради што впрочем Артан дојде на црната листа, а Венко Филипче стана неврохирург бизнисмен ортак со Заеви додека пола ДУИ и СДС станаа тајкуни од тоа време. И наместо СДС да се реформира и да се вразуми тие со вакви пресови само ја докажуваат својата безидејност и покажуваат дека не само што не ја научиле лекцијата, туку и дека одлучиле да продолжат да бидат субјективни и трговци кога правдата е во прашање. Правда за Кочани ќе има и тоа за сите. Колку СДС и да не сака државата да успее и прави се за да ги манипулира граѓаните и си поигрува со чувствата на семејствата и јавно и заткулисно сакајќи да ја злоупотреби оваа страшна трагедија за да го покрие својот срам и своето катастрофално владеење кое впрочем и доведе до, и максимално придонесе за, руинирање на системот и институциите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Реакција на прес-конференцијата на Мартин Костовски од СДСМ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива