• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Важно е платите да растат и секој кој сторил криминал да одговара

ВМРО-ДПМНЕ: Важно е платите да растат и секој кој сторил криминал да одговара

Скопје, 25 октомври 2023

Се повеќе граѓани се приклучуваат на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Важно е! Од тебе зависат промените“ и објавуваат кратки видео пораки.

Портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева истакна дека за нејзе важно е да останеме дома, а како што рече за неа дома е Македонија.

Важно е да останеме дома, за мене дома е Македонија, потенцираше Митева.

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска вели дека за нејзе важно е платите да растат, се со цел да може да ја стигнеме Европа.

Важно е платите да растат и да ја стигнеме Европа, остакна Димитриеска Кочоска.

Според пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки важно е секој кој сторил криминал да одговара.

Важно е секој кој сторил криминал да одговара, изјави Ковачки.

Претседателот на републичката комисија за инфраструктура и урбанизам на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Ивановски нагласи дека за него е важно во Македонија да има безбедни патишта и улици без дупки.

Важно е да имаме безбедни улици и патишта без дупки, кажа Ивановски.

Ѓоко Велковски рече дека за него важно е законите да важат подеснакво за сите.

Важно е законите да важат подеднакво за сите, а тебе што ти е важно, праша Велковски.

Ги повикуваме граѓаните масовно да се приклучат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. 

Важно е да се мобилизираме.

Важно е да се обединиме.

Важно е да се случат промените 

Секој еден е важен.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан