• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од СДСМ каде завршиле над 90 милиони разлика во цени од тендер во РЕК Битола даден на Марковски компани

ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од СДСМ каде завршиле над 90 милиони разлика во цени од тендер во РЕК Битола даден на Марковски компани

Скопје, 10 август 2024 

Почитувани,

Раководството во заминување на ЕСМ и РЕК Битола во период од еден месец распиша десетина тендери, кои очигледно смрдат на криминал и корупција. И за истите одговорност ќе има.

За да се воочи што правело раководството на ЕСМ треба првин да го погледнеме договорот кој што претпријатието преку РЕК Битола го склучило со Марковски компани на 08.05.2023 година, за ремонтни активности по цена од 1516 денари од саат. Ова е тој договор. А потоа да го погледнеме овој договор од 17.07.2024 година за ремонтни активности на истата Марковски компани, склучен по цена од 3947 денари саатнина.

За една година за случен вид на активности РЕК Битола и плаќа на Марковски компани 2.5 пати повеќе за саат извршена работа.

Важно е да се разбере дека Марковски компани и во 2023 година не работела со загуба на тендерот туку имала заработувачка. Па оттука се поставува прашањето каде завршила разликата во цена од 2.5 пати?

Овој случај станува уште пофрапантен кога ќе се земе вкупната цена на тендерот од 2023 година, кој е 14.7 милиони денари и вредноста на тендерот од 2024 година кој е 208 милиони денари.

Логички се поставува прашањето каде завршиле над 90 милиони денари, т.е. над 1.5 милиони евра? Дали ова се пари со кои треба да се финансира СДС од опозиција? СДС да каже каде е разликата од над 90 милиони?

Доволно е ЈО да ги спореди двата договори и веднаш да има истрага и апсење.

Очекуваме ЈО да не спие и да почне со работа. Во спротива и тие стануваат соучесници во овој криминал, за кој во целост ќе има одговорност. 

Прес-конференција на пратеникот Бојан Стојановски

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан