ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ се против фашистичкиот клуб Цар Борис, нека го поддржат предлог законот
- Ако СДС се против фашистичкиот клуб Цар Борис, зошто им смета законското регулирање, нека го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ. Законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи и регулирање
Скопје, 9 октомври 2022
Ако СДС се против фашистичкиот клуб Цар Борис, зошто им смета законското регулирање, нека го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ.
Законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи и регулирање на постоечките клубови со цел промена на фашистичките имиња.
Ако СДС е против клубовите со фашистички имиња, тогаш нека го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС всушност и дозволи да се отворат клубовите и не направи ништо тоа да се спречи.
Власта е виновна и за политиката на асимилација и негација на Македонија која е резултат на политиките на самата СДС.
Изјавите на Заев дека македонскиот и бугарскиот јазик и народ се исти, се изјави кои долгорочно ги поткопаа македонските позиции. Тие иако целосно неточни, ги подгреаја апетитите на шовинистички кругови и ја заострија нивната реторика.
Политиките на СДС и нанесоа трајна штета на државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.