ВЛЕН: Пазарот кој што го направи ДУИ со Таравари за дестабилизација на Владата и предизвикување предвремени избори пропадна
- СООПШТЕНИЕ - Пазарот кој што го направи ДУИ лично со Арбен Таравари за дестабилизација на Владата и предизвикување на предвремени избори, пропадна.
Скопје, 8 мај 2025
Пазарот кој што го направи ДУИ лично со Арбен Таравари за дестабилизација на Владата и предизвикување на предвремени избори, пропадна.
Последната надеж и лага која ДУИ им ја сервира на своите членови, дека брзо ќе се врати на власт, е веќе минато.
Не помогна ниту Олигархија, ниту Соравија, ниту Лотарија. Ова се вистинското лице на срамот на ДУИ и синоним за злоупотреба на власта за богатење на семејството.
Идејата за плурализам, демократија и борба против корупцијата победи на изборите, победи и во овие матни игри и повторни обиди за делење на албанското политичко ткиво. Али Ахмети веќе нема сила со поделби на Албанците да биде власт, да одлучува сам, да се богати неговата фамилија, да ги брка нашите деца надвор од државата.
ВЛЕН е горд на демократијата и плурализмот кој ги донесе, додека ДУИ сака една партија да владее.
ВЛЕН е горд дека ги обединува Албанците, додека ДУИ ги дели.
ВЛЕН е горда дека донесе одговорност за корумпирани политичари, додека ДУИ сака да ги заштите криминалците од нивните фамилии.
ВЛЕН е горда дека е демократска, додека ДУИ е партија на едно семејство.
ДУИ треба да се помири дека ќе остане во опозиција уште долги години. Народот е против ДУИ. Меѓународната заедница е против ДУИ. Стратешките партнери се против ДУИ.
ДУИ е сама, изолирана и непосакувана од сериозните партнери. ДУИ остана во бродот што тоне осамена со корумпираните политичари кој сеуште ги контролира.
ВЛЕН е со народот, партнерите и победата.
ВЛЕН
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.