• недела, 24 ноември 2024

ВЛЕН: Институциите да лоцираат одговорност за коруптивниот закуп на Лотарија

ВЛЕН: Институциите да лоцираат одговорност за коруптивниот закуп на Лотарија

Скопје, 19 септември 2024


За добробитта  на нашите идни поколенија, Коалицијата ВЛЕН ја изразува својата непоколеблива посветеност да спречи секоја форма на корупција и злоупотреба на довербата на граѓаните.

Со поништувањето на договорот помеѓу компанијата „ХЕЈ ДООЕЛ“ и Државната Лотарија, се отвора пат за одговорност на сите оние кои профитирале преку оваа шема на корупција.  Им  упатуваме повик на обвинителството и другите инстанции да преземат соодветни чекори за целосно расветлување на овој срамен скандал кој нанесе големи штети врз нашето општество.

Артан Груби, како глава на овој распаднат систем, и Перпарим Бајрами, неговата десна рака во индустријата за коцкање, се симболи на една империја изградена врз корупција, која ги крши правата на чесните граѓани на оваа земја.

Овие индивидуи, тесно поврзани со раководството на ДУИ, проектирале иуправувале со структурирана мрежа со цел лично богатење и на нивните најблиски.  Уверени сме дека ова е само врвот на ледениот брег. Секој чекор кон уништувањето на оваа империја изградена врз коцкање и корупција, е важен чекор за правдата.

На правосудните органи и обвинителството им е отворена вратата за да ги изнесат пред правдата оние што ја изградиле оваа шема. Нема враќање!  Ќе се бориме до крај против оваа епидемија на коцкање и корумпирани шеми на политичките казиномани. Артан Груби и Перпарим Бајрами, заедно со сите оние кои профитирале преку овој валкан пат, ќе одговараат пред правдата и пред народот.
 

Времето на неказнивост заврши!

Коалиција ВЛЕН

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан