• четврток, 26 март 2026

ВЛЕН: ДУИ го имаше гувернерот во уста, но тендерите во џеб

ВЛЕН: ДУИ го имаше гувернерот во уста, но тендерите во џеб

Скопје, 15 мај 2025

Реакција на Влен на соопштение на ДУИ

ДУИ, партијата на милионери и хронични измамници, две децении го ветуваа албанскиот гувернер. Оние кои 22 години ја делеа власта со златна лажица, денес од опозицијата извикуваат: „Зошто нема Албанец на чело на Народната банка?“

Па, никој не ги спречи да го сторат тоа, но тие не го сторија тоа! Бидејќи за ДУИ, власта не беше за Албанците, туку за нивните сопствени џебови. Гувернерот беше заборавен, но тендерите и луксузот никогаш не беа заборавени.

Фактите зборуваат сами за себе!

ДУИ не вети дека Дрин Ахмети ќе стане милионер, но го направија тоа!

ДУИ не ветуваше коцкање во секој агол на албанските семејства, но го донесе!

ДУИ не вети дека ќе го пуштат Мијалков од затвор, но го направија тоа!

Сега тие имаат храброст да бараат одговорност за нешто што самите го ветија, но никогаш не го исполнија.

ВЛЕН не измамува, не лаже ниту продава лажен патриотизам. Не сме ветиле гувернер, бидејќи не си играме со чувствата на Албанците.

ВЛЕН

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото:МИА архива 

Тагови

Остани поврзан