• четврток, 26 септември 2024

ВЛЕН: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри

ВЛЕН: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри

Скопје, 10 септември 2024

 

Изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ.

Изминаа 15 дена откако прашуваме каде е Дрин Ахмети и дали  е точно дека одамна е спроведен надвор од државата. Изминаа 3 дена откако објавивме дека претседателот на огранокот на Села во Боговиње е уапсен за профитирање од криминални коцкарници преку интернет.
Од сите страни пристигнуваат информации и докази за скандали од различни институции поврзани со кадрите на минатата Влада.

Се однесувале буквално како државниот буџет да бил приватно чекмеџе кое треба да ја задоволува нивната алчност. Ахмети и Села упорно молчат, и наместо да се извинат, најавуваат посети на нивните ограноци. Изгледа дека го храбрат членството со нова порција лаги - дека час поскоро  ќе
се вратат на власт.

Продолжува нивното политичко слепило со кое упорно се обидуваат да ги направат Албанците штит за политичката корупција на нивните перјаници кои сакаат да уживаат во нелегално стекнатиот имот.

Ова раководство на ДУИ уште е заглавено во минатото од пред 15 години кога Албанците се уште им веруваа дека навистина се борат за нивните права. Времето на тие заблуди одамна заврши.
Допрва ќе почне да се одмотува клопчето кое ќе ги разоткрива вистинските лица на политичките богаташи чија единствена цел било безмилосно да се граба од народните ресурси.

Бидејќи Ахмети и Села упорно ја игнорираат пораката на Албанските гласачи од 8-ми мај, ќе добијат уште погласна и појасна порака на локалните избори следната година.

ВЛЕН

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан