• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Влатко Тасевски нов генерален секретар на РФМ

Влатко Тасевски нов генерален секретар на РФМ

 

Скопје, 28 март 2025 (МИА) – Доскорешниот спортски директор на македонските ракометни репрезентации Влатко Тасевски е назначен за нов генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со едногласна одлука на Управниот одбор.

Поранешната македонска репрезентативка Индира Кастратовиќ е назначена за спортски координатор за женските селекции, додека во улога на советник на претседателот на РФМ за женските селекции ќе биде поранешниот селектор Гино Стрезовски, а Драган Начевски за советник за машките селекции.

Управниот одбор на РФМ, како што е соопштено, на својата последна седница, воедно назначи и нови членови на комисиските тела. ег

РФМ

Остани поврзан