• недела, 22 декември 2024

Властите во САД препорачуваат Американците да не одат на патувања со крузери

Властите во САД препорачуваат Американците да не одат на патувања со крузери
Вашингтон, 9 март 2020 (МИА) - Администрацијата на САД препорача Американците да избегнуваат крузерски патувања, предупредувајќи дека на такви патувања постои голем ризик да се добие инфекција од коронавирус. Во предупредувањето се вели дека доколку заминат на крузер, американските граѓани можат да бидат подложни на рестрикции од патувања во странство и карантини. -Државјаните на САД, посебно патниците со здравствени проблеми, да не одат на патувања со крузер, соопштија од Стејт департментот. Се додава дека Американците не треба да се надеваат на евакуација ако други земји ги стават во карантин. Предупредувањето дојде откако властите во САД прават напори да изолираат десетици случаи на коронавирус во крузерот „Гранд принцес“ кој минатата недела пристигна на брегот на Сан Франциско. Во бродот се дијагностицирани 21 случај на инфекција. Пловилото денеска е на пат да пристане во Оукленд, град на источниот дел од Сан Франциско Залив. кб/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан