• понеделник, 25 ноември 2024

Власта бара поддршка за уставните измени, опозицијата не отстапува од ставот за избори

Власта бара поддршка за уставните измени, опозицијата не отстапува од ставот за избори

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Се комбинираат политичките потези во контекст на уставните измени со цел да се убеди опозицијата да ги поддржи. Актуелната политичка ситуација во земјата се смета дека е причина за дводневната посета на заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар на Скопје кој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За вицепремиерот Бојан Маричиќ постојат два начини како да се дојде до уставни измени, а индикатор за обезбедената подршка ќе биде, како што вели, закажувањето на продолжението на собраниската седница за уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ, пак, повторува дека нема да се премисли и дека бара избори без техничка влада до крајот на годината. 

 

Специјалниот пратеник на американската администрација за Западен Балкан, Габриел Ескобар ги повика лидерите во регионот да се фокусираат на мултиетничкото помирување.

Доаѓањето на Ескобар на Скопје се случува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Засега во Парламентот нема 80 гласови за поддршка на уставните измени, а според вицепремиерот Бојан Маричиќ тие во моментот имаат поддршка од 72-73 пратеници. 

Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за посетата на Ескобар вели дека добредојден е секој добронамерен соговорник и секој кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

-Како и секоја друга посета. Изминатиот период имавме многу посети од високи странски претставници. Ќе ги слушнеме аргументите од таа страна, ќе ги кажеме нашите аргументи, отприлика содржината на тој состанок се наѕира, ја знаеме што е, така што секој добронамерен сдоговорник е добредојден, секој кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на народот е добредојден. Тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници, рече Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на Велес. 

Според Мицкоски, за неколку месеци ќе има нова Влада и нова реалност, а власта, како што оцени, треба да прифати предвремени парламентарни избори затоа што не можат да го испорачаат тоа за што презеле обврска надвор од легитимитетот.  

Во коментар на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ, Мицкоски рече дека се согласува „со изјавата на амбасадорката и оти граѓаните се тие што се суверен во оваа држава и тие треба на избори што би се случиле час поскоро да излезат и да кажат -Да за Европската унија, но и да го одберат решението како до тоа Да до ЕУ“. 

-ВМРО-ДПМНЕ има свое решение, го кажавме тоа јавно, СДСМ има свое решение, претпоставувам и други политички партии ќе излезат на тие избори со свое решение. Граѓаните на тие избори ќе го гласаат и ќе го кажат својот став час поскоро бидејќи секој ден повеќе значи ден изгубен повеќе за Македонија, изјави Мицкоски. 

Мицкоски завчера во обраќање во Кичево кажа дека има обиди од Европа и од светот да ја скршат ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници да гласаат за уставни измени. Исто така кажа и дека само доколку еден пратеник од неговата партија гласа за уставни измени тој ќе си поднесе оставка. 

Филтрацијата на судството и обвинителството е врвен приоритет за Министерството за правда и Владата во целина. Очекуваме ова да биде голем чекор кон конечното враќање на довербата, која граѓа

За вицепремиерот Бојан Маричиќ постојат два начини како да се дојде до уставни измени: ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да одлучи да даде поддршка под одредени услови за кои беше разговарано пред два месеци на лидерската средба и вториот начин е дел од пратениците да одлучат да гласаат, како што имавме случај пред пет години.

-Ние ќе работиме на двете нивоа, сметам дека не е невозможно, напротив мислам дека е возможно. Мислам дека имаме доволно време и простор за да дојдеме до решение. Ќе повторам, прашањето е премногу важно за да му се земе кусур на кого било доколку го смени мислењето за одредено време, рече Маричиќ. 

Според него, изборите не можат ништо да променат по ова прашање. Напротив, вели Маричиќ, може само да го искористат ова прашање и да биде прашање кое што ќе доминира во кампањата за после тоа да биде изговор дека ВМРО-ДПМНЕ не може да гласа за уставните измени бидејќи во кампањата ветиле дека нема да гласаат под бугарски диктат. -И потоа да влеземе во една заблуда дека е возможно да добиеме подобар договор и да чекаме уште десет години, рече Маричиќ. 

Вицепремиерот вели дека прво треба да се гласа за уставни измени, па потоа да се оди на избори. Тоа е, посочи, логично. 

Маричиќ на прес-конференција по повод промоцијата на кампањата „Еу за сите“ рече дека владејачкото мнозинство има 72-73 гласа за уставни измени, потенцирајќи дека се работи на тоа да се достигне потребното мнозинство. Затоа кога ќе се гласаат уставните измени, најави, самото закажување на продолжението на пленарната седница ќе биде индикатор за тоа. 

-Седницата ќе биде повторно закажана кога ќе се создадат услови. Ние во меѓувреме работиме и ќе работиме на создавање на услови за успешно гласање во Собранието. Моментот кога ќе биде закажана седницата ќе биде индикатор дека сме приближени до потребното мнозинство. Во моментот по она што се декларираше иако гласањето заврши на 70, мислам дека поддршката оди и до 72-73 пратеници. Меѓутоа ова беше гласање за дневен ред, да не заборавиме, не беше гласање за уставните амандмани, рече Маричиќ. 

Според него, возможно е да се комплетира процесот на уставните измени.

Опозицијата, додава тој, само купува повеќе време и испраќа пораки преку кои се оправдува за блокирањето на процесот за членство и нема намера ниту сега ниту после избори да гласа за уставни измени. 

Три години од создавањето АНБ е функционална, етаблирана и високо почитувана институција во рамките на нашиот безбедносен систем и од страна на исто родните светски институции, оцени во објав

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој беше во посета на Куманово рече дека и во наредниот период ќе продолжат низ дијалог, низ политичка активност да бараат начин за да бидат донесени уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи евроинтеграцискиот процес.

-Посакувам час поскоро да ги завршиме сите овие активности и Република Северна Македонија да продолжи напред на патот кон европските интеграции заради тоа што ако застанеме на овој пат, многу години чекање како што се чекаше досега има негативен ефект исклучиво врз граѓаните и врз државата, а не врз политичарите, рече Спасовски. ев/аа/

МИА ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан