• сабота, 16 ноември 2024

Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на депортираните македонски Евреи

Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на депортираните македонски Евреи
Скопје, 11 март 2022 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија се приклучи во активностите по повод 79 годишнината од трагичниот настан на 11 март 1943 година, кога 7 144 македонски Евреи беа депортирани и погубени во нацистичките логори на смртта во Полска.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот за одбрана Башким Хасани, во име на Владата на Република Северна Македонија, денеска положија положи цвеќе пред Споменикот на депортирани македонски Евреи, во поранешниот скопски Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи на Градските гробишта Бутел.
Во пригодните обраќања пред спомен обележјата на Холокаустот, уште еднаш беа испратени пораките дека оваа трагедија ќе остане засекогаш запаметена, а сеќавањата на жртвите секогаш ќе повикуваат да не се заборави.
Евреите од Битола, Штип и Скопје, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол и од таму во три наврати депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска. За само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 во Треблинка биле убиени 925 илјади луѓе, меѓу кои биле и 7 144-те македонски Евреи. ар/дма/

Остани поврзан