• сабота, 22 февруари 2025

Владејачката партија во Чад освои две третини од местата во парламентот

Владејачката партија во Чад освои две третини од местата во парламентот

Нџамена, 12 јануари 2025 (МИА)  - Владејачката партија во Чад освои две третини од местата во парламентот на изборите што минатиот месец го бојкотираа многу опозициски партии, покажаа делумните резултати објавени денеска.

Британските медиуми оценуваат дека изборниот резултат ја зајакна моќта на претседателот Махамат Идрис Деби.

Изборните резултати на 29 декември ја довршија транзицијата во Чад кон уставно владеење, повеќе од три години откако Деби ја презеде власта по ненадејната смрт на неговиот татко, Идрис Деби Итно.

Партијата на Деби, Движење за патриотски спас, обезбеди 124 од вкупно 188 места во парламентот, објави националната изборна комисија.

Претставниците на опозицијата ги бојкотираа изборите, изјавувајќи дека тие не биле транспарентни, што владата го негираше.

Откако Деби дојде на власт, Чад, клучен западен сојузник во борбата против исламистичките милитанти во регионот Сахел, ја прекина одбранбената соработка со Франција.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан