• недела, 22 декември 2024

Владата усвои Информација од МЗШВ за законски основ за никотински вреќички

Владата усвои Информација од МЗШВ за законски основ за никотински вреќички

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Министерството за здравство треба да изработи анализа со којашто ќе се утврди дали никотинските вреќички се безбедни за населението од здравствено токсиколошки аспект и дали производот треба да биде во слободна продажба во државава или при евентуално одобрување на пазарот треба да се стави забрана за продажба на лица помлади од 18 години.

Такво задолжението Министерството за здравство добило од Владата која на денешната седница разгледала и усвоила Информацијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за законски основ за никотински вреќички.

-Задолженија, во врска со Информацијата, има до повеќе надлежни органи и институции, меѓу коишто првенствено до Министерството за здравство.  Ова министерство треба да изработи анализа со којашто ќе се утврди дали никотинските вреќички се безбедни за населението од здравствено токсиколошки аспект и дали производот треба да биде во слободна продажба во Република Северна Македонија, или при евентуално одобрување на пазарот треба да се стави забрана за продажба на лица помлади од 18 години, наведува во соопштение владината прес-служба.лв/

Остани поврзан