• петок, 20 декември 2024

Владата потпиша Договор со швајцарска компанија, најмалку седум милиони евра инвестиција и 200 нови работни места

Владата потпиша Договор со швајцарска компанија, најмалку седум милиони евра инвестиција и 200 нови работни места

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Најмалку седум милиони евра и 200 нови работни места, предвидува инвестицијата на швајцарската „ДМ Бау АГ“ за која денеска во Владата Договор потпишаа премиерот Христијан Мицкоски и менаџерскиот тим на компанијата.

Како што информира Мицкоски по потпишувањето, инвестицискиот план ќе се реализира во индустриската зона близу Куманово, а вклучува вложување во купување земјиште, целосна изградба на погони и нивно опремување со машини за производство на модуларни објекти со различна намена.

Изградбата на планираните објекти треба да почне кон крајот на првата половина од 2025 година.

Според премиерот, планираната инвестиција ќе ја надмине првичната сума од најмалку седум милиони евра наведена во Договорот. 

„ДМ Бау Интернешнал“ е дел од Групацијата „ДМ Бау“, швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години традиција. 

-Покрај производсто на вакви објекти, компанијата е и нивен изведувач. Обртот е неколку десетици милиони швајцарски франци, има повеќе од седумдесетина вработени и 30-на проекти годишно. „ДМ Бау“  е еден од најголемите европски производители во овој сегмент. Моментното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите, „ДМ Бау“ одлучи да ги реализира преку Македонија, истакна Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на Договорот.

„ДМ Бау“ ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање со вкупна површина 35 000 метри квадратни. За оваа цел компанијата годинава купила 72 000 метри квадратни земјиште каде веќе се во тек подготвителни активности за инвестицијата.

-Ние сме швајцарска компанија која се фокусира на префабрикувани дрвени конструкции и мошне внимателно размислувавме за нашето проширување. Внимателно проверувавме неколку различни места и можности за тоа каде може да ја прошириме компанијата и конечно навистина сме среќни што Северна Македонија се појави како место што го избравме и мислам дека досега се течеше добро – дијалогот, отвореноста, пронаоѓањето решение. Тоа ни покажа дека нашата одлука беше вистинска. Затоа, навистина со нетрпение очекуваме да почнеме со нашиот процес тука и сигурни сме дека заедно со вас можеме да изградиме успешна компанија во Северна Македонија. Исто така сме и мошне горди што нашиот проект е во тек. Со нетрпение очекуваме да можеме да создадеме нови работни места, нови можности тука, во овој регион, како и да додадеме вредност кога станува збор за образованието и едуцирањето за префабрикувани конструкции, истакнаа од менаџерскиот тим.

 „ДМ Бау Интернешнал“ е сопственост на лице со потекло од Македонија кое работи во Швајцарија. мч/са/

 фото: принт скрин 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан