Владата на Шпанија одобри целосно ембарго на извоз на оружје за Израел
- Шпанската Влада одобри „целосно“ ембарго на оружје за Израел, како дел од пакет мерките, како што наведе премиерот Педро Санчез, насочени кон завршување на „геноцидот во Газа“
Мадрид, 23 септември 2025 (МИА) – Шпанската Влада одобри „целосно“ ембарго на оружје за Израел, како дел од пакет мерките, како што наведе премиерот Педро Санчез, насочени кон завршување на „геноцидот во Газа“.
Ембаргото забранува извоз на одбранбена опрема, производи или технологија што ги користи Израел во палестинската енклава, како и увоз во Шпанија. Со мерката се блокираат и барањата за транзит на гориво за авиони со потенцијално воена примена и се забранува увоз на производи „од илегалните населби во Газа и на Западен Брег“.
Уредбата треба да биде одобрена од Парламентот, каде левичарската Влада на Санчез нема мнозинство. ми/
фото: МИА архива