• среда, 08 мај 2024

Владата на Хамас соопшти дека во Појасот Газа досега се убиени 11.240 Палестинци

Владата на Хамас соопшти дека во Појасот Газа досега се убиени 11.240 Палестинци

Газа, 13 ноември 2023 (МИА) – Владата на Хамас вечерва соопшти дека 11.240 Палестинци се убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври

Меѓу загинатите има 4.360 деца и 3.130 жени, а 29.000 луѓе се ранети.

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека десетици тела се наоѓаат на улиците на Појасот и оти е невозможно да се избројат „бидејќи израелската армија цели на возилата на брзата помош и оние кои се обидуваат да им се приближат“.

Во Израел во нападите на исламскиот екстремистички Хамас на првиот ден кога започна војната загинаа повеќе од 1.200 луѓе, а околу 240 заложници беа однесени во Појасот Газа. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан