Владата на Србија предложи напад врз здравствените работници да биде посебно кривично дело
- Владата на Србија денеска предложи во Кривичниот законик да се пропише посебно кривично дело и посебни казни за напад врз вработени во здравствени установи.

Белград, 6 јуни 2024 (МИА) - Владата на Србија денеска предложи во Кривичниот законик да се пропише посебно кривично дело и посебни казни за напад врз вработени во здравствени установи.
Во соопштението се наведува дека „изготвувањето на Кривичниот законик е во тек и ќе биде во собраниска процедура кон крајот на годинава“.
Целта е да се обезбеди поголема заштита на вработените во здравствените установи и да се спречат нападите врз нив, на кои често се изложени.
Предлогот е „со цел спречување и заштита на вработените во здравствените установи, во врска со работата што ја вршат“. мс/
фото: МИА архива