• недела, 22 декември 2024

Владата на Зимбабве ќе ги обесштети земјоделците чии фарми се конфискувани пред 20 години

Владата на Зимбабве ќе ги обесштети земјоделците чии фарми се конфискувани пред 20 години

Хараре, 30 јули 2020 (МИА) - Владата на Зимбабве и Сојузот на земјоделци потпишаа договор за обесштетување од 3,5 милијарди американски долари. Исплатата ќе биде за белите земјоделци чии фарми биле конфискувани од властите пред 20 години.

Нагласено е дека надоместокот ги опфаќа само одземените средства, вклучително и опремата, но не и самото земјиште. Според условите на договорот, земјоделците ќе ја добијат оваа сума по една година, а остатокот во рок од 5 години. Владата објави дека во моментот нема средства да плати толку големи компензации и издава посебни долгорочни обврзници за да ги добие.

Во 2000 година, на иницијатива на тогашниот претседател Роберт Мугабе, во Зимбабве беше спроведена земјишна реформа, што доведе до конфискација на земјиште од околу 45. 000 домаќинства, претежно бели земјоделци. Вкупната површина изнесува 8 милиони хектари, што е една петтина од територијата на земјата. паг/

Остани поврзан