• среда, 08 мај 2024

Владата го утврди Предлог-Буџетот за 2024 година

Владата го утврди Предлог-Буџетот за 2024 година

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Владата на денешната седница го утврди Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година. 

Како што соопшти владината прес-служба, Предлог Буџетот е направен согласно потребите на граѓаните и на македонската економија. Целта е поддршка на економскиот раст, фискална одржливост и редовна исплата на сите државни буџетски обврски - повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на земјоделците, на претпријатијата, фискална консолидација, справување со последиците од глобалната економска криза.

-Се оцени дека Буџетот е добра основа за зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти, привлекување странски инвестиции, иновативност на домашните компании, поддршка на домашната економија, приватниот сектор и граѓаните, интензивирање на приближувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ, непречено извршување на обврските коишто произлегуваат од членството во НАТО, непречено спроведување на претстојните изборни активности, се посочува во соопштението.

Утврдениот Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, ќе биде доставен до Собранието. ев/са/ 

ФОТО: Влада 

Остани поврзан