• понеделник, 23 декември 2024

Владата го започна чествувањето во знак на почит кон загинатите армиски резервисти кај Карпалак

Владата го започна чествувањето во знак на почит кон загинатите армиски резервисти кај Карпалак
7 август 2022
Владата на Република Северна Македонија, претставена од Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, во Прилеп, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ со положување цвеќе и оддавање почит го започна одбележувањето на 21-годишнина од загинувањето на десет армиски припадници кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година.Советникот Василевски во име на Владата, во чест на споменот на армиските резервисти Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, вечерва положи цвеќе и на спомен обележјето во село Лениште и присуствуваше на вечерната богослужба во манастирот „Св. Петка“.Чествувањето во спомен на загинатите бранители продолжува утре, на 8 август, со посета и оддавање почит на споменикот во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, како и во Прилеп, со положување цвеќе на нивните вечни почивалишта, со панихида во црквата „Света Петка“ и пред комплексот „Карпалак“.
Сектор за односи со јавноста Генерален секретаријат
______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан