• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Владата во Бенгази ги прогласи за непожелни еврокомесарот за миграција и министрите на Италија, Грција и Малта кои се во посета на Либија

Владата во Бенгази ги прогласи за непожелни еврокомесарот за миграција и министрите на Италија, Грција и Малта кои се во посета на Либија

Атина, 8 јули 2025 (МИА) – Либиската влада во Бенгази ја откажа посетата на еврокомесарот за миграција и министрите од Италија, Грција и Малта и откако тие пристигнале на меѓународниот аеродром во Бенгази, биле информирани дека треба веднаш да ја напуштат либиската територија и се сметаат за непожелни „поради нивното кршење на дипломатските норми и меѓународните конвенции“, како што соопшти премиерот Осама Хамад, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението Владата од Истокот ги повикува сите дипломати, членови на меѓународни мисии и владини и невладини организации да ги почитуваат либискиот суверенитет, либиското законодавство и меѓународните конвенции што ги регулираат посетите на дипломатските делегации.

Во делегацијата од Европската Унија предводена од еврокомесарот за миграција Магнус Брунер се министерот за миграција и азил на Грција и министрите за внатрешни работи на Малта и Италија, а главната тема е мигрантското прашање и мигрантските бранови од Либија кон Европа. 

Утрово беа во Триполи каде што остварија средба со Владата на национално единство на Либија, а за попладнево беше планирана средба со Калифа Хафтар во Бенгази. ср/сд/

Остани поврзан