Вкупно 89 лица се уапсени во операција на турската полиција против „Исламска држава“
- Вкупно 89 лица се приведени денеска во операција на турската полиција против терористичката група „Исламска држава“, спроведена во 17 области на земјата, меѓу кои Анталија, Истанбул и Кахраманмараш, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.
Анкара, 16 април 2025 (МИА) - Вкупно 89 лица се уапсени денеска во операција на турската полиција против терористичката група „Исламска држава“, спроведена во 17 области на земјата, меѓу кои Анталија, Истанбул и Кахраманмараш, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.
Уапсените се осомничени за соработка и членство во терористичката организација ДАЕШ (арапска кратенка за џихадистичката група „Исламска држава“), појасни Јерликаја. рп/
Фото: МИА архива