Вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список
- Заклучно со вчерашниот ден вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Скопје, 2 септември 2021 (МИА) - Заклучно со вчерашниот ден вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
- Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, велат од ДИК.
Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 35 барања.
Од Државната изборна комисија потсетуваат дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година. дма/са/