• недела, 19 мај 2024

Вкупно 1.200 посетители во Вински музеј - Кавадарци во септември и октомври 

Вкупно 1.200 посетители во Вински музеј - Кавадарци во септември и октомври 
Кавадарци, 4 ноември 2022 (МИА) - Вкупно 1.200 посетители во септември и октомври годинава бележи Винскиот музеј - Кавадарци, информираа попладнево од оваа културна институција.
- Меѓу многубројните настани што се одржаа овој период е и одбележувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, отворањето на ликовната колонија со Друштвото на кавадаречки ликовни уметници. Беа промовирани „Мурал на фасада“ и стихозбирката „Роден крај“ од Марјан Ѓорчев. Ги бележиме и посетите на евроамбасадорот Дејвид Гир, делегација од збратимениот град Буча од Украина. Во нашата книга на посетители се запишани и гости од Данска, Бугарија, Србија, Шпанија, Германија, Хрватска. Посетени бевме и од ученици кои се запознаваа со историјата, културата и традицијата на овој крај, познат по лозарството и винарството, соопштија од Музејот.
Оттаму нагласија дека очекуваат посетеноста да биде голема и во иднина и што поголем број туристи да ја слушнат тиквешката винска приказна. свд/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан