• понеделник, 09 март 2026

Вицепремиерот Николоски во посета на САД, средби во Светска банка и Стејт департментот

Вицепремиерот Николоски во посета на САД, средби во Светска банка и Стејт департментот

Скопје, 9 март 2026 (МИА) -  Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во наредните три дена ќе престојува во САД,  каде ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот и ќе се обрати и на главната пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026", заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.  

- Николоски ќе зборува на тема „Коридори за одржливо поврзување" каде што ќе се стави акцент на стратешките пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8, најави Министерството за транспорт. 

За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата и Министерството за транспорт во партнерство со СБ.

- Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт Департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата. За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија, се вели во соопштението. лв/дма/

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан