Вицепремиерот и министер Стоилковиќ оствари средба со чешкиот амбасадор Лудва
- Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, предводена од амбасадорот, Јарослав Лудва.
Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, предводена од амбасадорот, Јарослав Лудва.
На средбата, инаку прва официјална меѓу двајцата соговорници, биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски состојби во двете земји, како и за можностите за продлабочување, но и потврда на меѓусебните одлични дипломатски односи.
Стоилковиќ го запознал амбасадорот Лудва со досега сработеното од стапувањето на функцијата, а на средбата станало збор и за идните планови, односно клучните прашања и приоритети на Министерството за односи меѓу заедниците.
На крајот од средбата заклучокот на двајцата соговорници бил дека заштитата на етничките заедници со фокус на промената на перцепцијата и фактот дека тие треба да го добијат местото што го заслужуваат и во земјата во која живеат да се чувствуваат како рамноправни граѓани со сите права и обврски кои произлегуваат од Уставот, треба и понатаму да остане приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците, како и дека постојат многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина, а првата е зголемување на економската соработка и инвестициите на Република Чешка во РС Македонија. сст/дма/
фото Кабинет на вицепремиерот Иван Стоилковиќ