• вторник, 14 јануари 2025

Високиот комесар на ОН за човекови права, Турк во прва посета на Сирија

Високиот комесар на ОН за човекови права, Турк во прва посета на Сирија

Женева, 14 јануари 2025 (МИА) - Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк денеска пристигна во главниот град на Сирија, Дамаск, што е негова прва посета на таа земја.

Турк ќе престојува во Сирија и Либан од денеска до 16 јануари, каде ќе се сретне со официјални претставници, претставници на граѓанското општество, дипломати и тела на ОН, соопштија Обединетите нации, без да наведат дополнителни детали.

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад беше соборен од власт минатиот месец со офанзива на бунтовниците, со што заврши 50-годишното владеење на неговото семејство. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан