• недела, 22 декември 2024

Вино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин

Вино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Православните верници денеска го слават Свети Трифун - заштитникот на лозарите, а католиците Свети Валентин - Денот на вљубените. 

На овој ден лозарите одат на лозјата и ги закројуваат лозите, а во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното. 

Поддршката за прифатливи трошоци по корисник изнесува 2,5 милиони денари, а крајниот рок за доставување на барањата е 30 септември 2021.

Вишиот кустос етнолог Томе Крстевски од Музеј - галеријата Кавадарци појаснува дека културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи, почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците, тоа го сторил Дионис, а според Римјаните, тоа бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви, погача, вино и жито.

- Гроздот е симбол на мудроста, а лозовата пенушка е атрибут на божествата на земјоделието и плодородието и го означува виното на животот, следствено и на бесмртноста. Симбол на жртвопринесување преку врската на виното и крстот. „Свети Трифун“, 14 февруари, на овие простори се слави како заштитник на лозарите и овоштарите, како во Тиквешијата, така и пошироко. Иконописците на многу икони и фрески во нашите цркви и манастири, Свети Трифун го прикажале како младо момче, кое во десната рака држи срп, со кој ги кроел лозјата и ги калемел овошките, појаснува Крстевски.

Тој додава дека во минатото Свети Трифун го славеле и меанџиите.

- Сите лозари се собирале во меаните и денот го завршувале со веселби. Oвој ден e богат со многу прослави и веселби, а со тоа и одбележувањетo на овој светител, закрилник на лозарите и овоштарите од овој крај, појаснува Крстевски.

Помладите генерации го слават Денот на вљубените со подарување на цвеќиња, плишани мечиња, чоколади и подароци со кои ја симболизираат љубовта. бд/бак/

Граѓаните на САД на Денот на вљубените ќе потрошат околу 27,4 милијарди долари, прогнозираат аналитичарите.

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан