„Вино и винил“ денеска на Сараиште во Охрид
- На Сараиште во стариот дел на Охрид за денеска е закажано третото издание на Новогодишниот базар „Вино и винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“.

Охрид, 28 декември 2024 (МИА) – На месноста Сараиште во стариот дел на Охрид за денеска е закажано третото издание на Новогодишниот базар „Вино и винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“.
Настанот е од хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат донирани за акцијата „Пакетчиња за сите дечиња”.
Покрај останатото, за посетителите се обезбедени греано вино и чај, закуски, додека колекционерите ќе можат да си разменат винил плочи, информира организаторот.
За добро расположение на оние што е решат денеска да бидат на Сараиште ќе бидат задолжени „Ванчо плеј“, „Мартино“, „Марти“, „Шизика & Достин“.
Настанот што е дел од пошироката манифестација Охридска новогодишна приказна на плажата Сараиште почнува во 11 часот. аб/ац/
Фото: плакат