• петок, 05 јули 2024

Винисиус ја доби Златната топка за најдобар играч на Светското клупско првенство

Винисиус ја доби Златната топка за најдобар играч на Светското клупско првенство

Рабат, 12 февруари 2023 (МИА) - Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар фудбалер на Светското клупско првенство.

Бразилецот постигна три гола на турнирот, еден во мечот со Ал-Ахли (4:1) во полуфиналето, два во финалето против Ал-Хилал (5:3). Исто така имаше и една асистенција.

За настапот на турнирот во Мароко, Винисиус ја доби Златната топка.

Сребрената топка му припадна на играчот од средниот ред Федерико Валверде од Мадрид, а бронзената топка му припадна на напаѓачот на Ал Хилал, Лучијано Вието. зс/

Остани поврзан