• петок, 05 декември 2025

Винисиус сакал 30 милиони нето плата по сезона за да го продолжи договорот со Реал Мадрид

Винисиус сакал 30 милиони нето плата по сезона за да го продолжи договорот со Реал Мадрид

Мадрид, 14 мај 2025 (МИА) - Бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, не е толку блиску до обновување на договорот со „кралевите“ како што неодамна се тврдеше.

Според весникот „Марка“, договорот воопшто не е сигурен, бидејќи напаѓачот побарал да добива 30 милиони евра по сезона за да го продолжи договорот. Сегашниот е до летото 2027 година. Винисиус сакал и дополнителен бонус за самото повторно потпишување, што ги отежнува работите уште повеќе.

Реал Мадрид започна преговори на почетокот на годината, но финансиските барања на играчот воопшто не им се допаѓаат на „белите“. Играчот моментално заработува 17 милиони по последните измени во неговиот договор во 2022 година.

Шпанското издание тврди и дека претставниците на Винисиус моментално водат паралелни преговори со клубови од Саудиска Арабија, каде што тимовите немаат посебни финансиски тешкотии.

Во оваа фаза, сè уште нема официјална понуда до Реал и Бразилецот, но лошата сезона на мадридскиот тим сигурно не придонесува за разјаснување на неговата иднина. Неговиот настап не беше особено одличен, а се зборува за конфликт меѓу него и некои од другите играчи, што може да игра улога во донесувањето на конечната одлука. дс

Фото: Архива

Остани поврзан