• недела, 22 декември 2024

Вилијамс размислува да го замени Сарџент по холандското Гран при

Вилијамс размислува да го замени Сарџент по холандското Гран при

Зандворт, 25 август 2024 (МИА) - Возачот на Вилијамс, Логан Сарџент, би можел да биде сменет по денешната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Холандија. 

Сарџент во Зандворт доживеа несреќа. Тој на последниот слободен тренинг излета од патеката и целосно му го уништи автомобилот.

Според „Auto Motor und Sport“, 15-та етапа од Формула 1 би можела да биде последна во кариерата на 23-годишниот Американец. 

Еден од кандидатите за место во Вилијамс е поранешниот возач на Хас и резервен возач на Мерцедес, Мик Шумахер. Тимот размислува и за резервниот возач на РБ, Лиам Лосон.

Од 2025 година за Вилијамс ќе се натпреварува Карлос Саинц, кој моментално е во Ферари. Сарџент треба да го напушти тимот на крајот на 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан