• четврток, 14 ноември 2024

Вилаш-Боаш предложи да се отстрани бројот 10 од оптек во сите тимови во спомен на Марадона

Вилаш-Боаш предложи да се отстрани бројот 10 од оптек во сите тимови во спомен на Марадона
Марсеј, 26 ноември 2020 (МИА) – Тренерот на Марсеј, Андре Вилаш-Боаш предложи начин да се овековечи споменот на починатиот поранешен аргентински репрезентативец Диего Марадона. - Смртта на Марадона е многу лоша вест. Тешки вести. Би сакал ФИФА да го повлече бројот 10 од оптек на сите турнири, во сите екипи. Ова би била најголемата чест што би можеле да ја дадеме. Смртта на Марадона е неверојатна загуба за светскиот фудбал, рече Вилаш-Боаш. „Десетката“ веќе е повлечена од оптек во Наполи, каде Марадона играше од 1984 до 1991 година и му донесе титули на клубот. зс/

Остани поврзан