• петок, 05 декември 2025

Виктор Паунов го почнува вториот градоначалнички мандат во Општина Карбинци  

Виктор Паунов го почнува вториот градоначалнички мандат во Општина Карбинци  

Карбинци, 29 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов и новоизбраните советници во Советот на  Општина Карбинци денеска ги добија уверенијата за четиригодишниот мандат 2025–2029.

Паунов, кој ја доби довербата по вторпат, најави континуитет во развојните проекти и подобрување на квалитетот на животот во општината. Тој изрази уверување дека во наредните четири години, во соработка со Советот, ќе се реализираат нови идеи и проекти, што ќе донесат видлив развој на населените места во Општина Карбинци.

-Упатувам честитки прво до Општинска изборна комисија за успешно спроведениот изборен процес. Изборен процес низ едни демократски капацитети, коишто покажаа и како комисија и од страна на граѓаните за едни успешни спроведени Локални избори. Ова е втор мандат за мене како градоначалник и искрено очекувам да имаме една успешно плодна четиригодишна програма, која што ќе ја реализираме заеднички со овој состав на советници, со целиот тим кои што ќе го работиме во овие четири години. Можам да кажам дека граѓаните комотно можат да очекуваат низа на проекти, проекти кои што ќе подобрат квалитетот на живот, проекти кои што ќе придонесат едно поинакво секојдневие во Општина Карбинци, рече Паунов.

Очекувањата на новите советници се дека следните четири години ќе донесат реализација на најавените проекти и продолжување на позитивните промени. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан